САД ја добија првата црномуреста гувернерка

Демократката Кеиша Ланс Ботомс победи во трката за гувернер на Џорџија, со што стана првата црномуреста жена избрана на чело на некоја американска сојузна држава.

Демократката Кеиша Ланс Ботомс победи во трката за гувернер на Џорџија, со што стана првата црномуреста жена избрана на чело на некоја американска сојузна држава.

Поранешната градоначалничка на Атланта, која воедно е и првата жена гувернер на Џорџија, го совлада републиканскиот претприемач Рик Џексон, покажуваат проекциите на американските медиуми.

На челото на оваа сојузна држава таа ќе го наследи републиканскиот гувернер Брајан Кемп, кој си заминува од функцијата по два последователни мандати.

Победата на Ланс Ботомс воедно претставува значаен политички пресврт во оваа сојузна држава, која порано важеше за традиционално републиканско упориште. Републиканците ја држеа гувернерската функција во Џорџија повеќе од две децении.

Соединетите Американски Држави на вчерашните избори го избраа и првиот хомосексуалец член на Сенатот – Крис Папас, демократот кој извојува победа во Њу Хемпшир.

Доколку се остварат предвидувањата за победа во сенаторската трка во Мичиген на Абдул Ел-Сајед, САД ќе го добијат и првиот муслиман во горниот дом на Конгресот.