
Дали меѓународната заедница имала резерви кон Арбен Таравари поради наводните врски со Жила од кланот Дуќанџик?
„Јетон Криванјева го познавам единствено како пациент, кој боледуваше од невролошко заболување и кој во периодот 2011–2012 година доаѓаше кај мене во болница три до четири пати. Ниту еден од нив не го познавам на поинаков начин.“
Во интервју за емисијата „Во Центар“, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, ги коментираше обвинувањата за наводни контакти со лица поврзани со таканаречениот клан Дуќанџик, информира PressOnline.al. За време на интервјуто, новинарот го праша Таравари дали е точно дека меѓународната заедница не била наклонета кон него и имала резерви поради наводните контакти со лица поврзани со кланот Дуќанџик.
Станува збор за сега починати лица, како што се Јетон Криванјева – Жила и Орхан Бајрами – Оки, кои ѝ се познати на јавноста по трагичниот настан во „Шиша Бар“ и во Халкидики. На прашањето дали ги познава споменатите лица, Таравари одговори:
„Јетон Криванјева го познавам единствено како пациент, кој боледуваше од невролошко заболување и кој во периодот 2011–2012 година доаѓаше кај мене во болница три до четири пати. Ниту еден од нив не го познавам на поинаков начин.“
Во врска со тврдењата дека бил забележан како пие кафе со нив во угостителски објекти, Таравари појасни: „Можно е еднаш да сме испиле кафе. Тој обично доаѓаше во ординацијата, каде што го
прегледував.“
Таравари категорично негираше дека бил негов личен лекар и нагласи дека со години немал никаков контакт со него. „Не сум бил негов личен лекар. Пред да се случи случајот во ‘Шиша Бар’, Јетон Криванјева го немав видено ниту, пак, имав комуницирано со него во период од четири до пет години.“