Поплави на грчкиот остров Родос – невремето предизвика проблеми и на Самос, Калимнос и во Волос

Поради обилните врнежи во градот Архангелос, но и во поширокиот регион на источниот дел на грчкиот остров Родос, зголеменото ниво на водата предизвика поплави, противпожарната служба интервенирала во два случаи за пренесување лица на безбедни локации, училиштата денеска се затворени, а од бројот 112 за итни случаи во 3 часот беше испратена порака до граѓаните да ги ограничат движењата во регионалната единица Родос.

Невремето што во текот на ноќта го зафати островот предизвика проблеми, штета на патната инфраструктура и на продавници и домови, особено во источниот дел на Родос.

Со одлука на општината, во четири делови на островот, училиштата денеска превентивно ќе останат затворени со цел заштита на учениците и наставниците.

Во поширокото подрачје се распоредени противпожарни возила со соодветна опрема, подготвени да интервенираат и да пружат помош доколку биде потребно.

Поплави предизвикани од зголемувањето на нивото на водата има и во градот Волос, како и на островите Самос и Калимнос.

Оперативниот центар на противпожарната служба на Грција примил 28 повици за помош на Самос, 18 повици за Родос и Калимнос и 12 во Волос.

Повиците се однесувале во главно за испумпување вода, сечење на паднати дрва, но и за пренесување на лица на безбедни локации.