Шпанија сè уште не го заборавила Адамуз кога 46 луѓе загинаа во судир на возови: Се стравува дека денешната трагедија може да биде поголема!

„Шокиран сум од железничката несреќа во Урда. Изразувам солидарност и поддршка за жртвите и нивните семејства“, изјави шпанскиот премиер.

Најмалку 46 лица загинаа во судир меѓу два брзи воза во средата наутро во шпанската провинција Толедо, а шпанските власти стравуваат дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи по тешката железничка несреќа во близина на Урда, во провинцијата Толедо, во која, според досегашните информации, загинале најмалку 46 лица. На социјалната мрежа X, Санчез изрази шокираност од трагедијата и упати порака на солидарност и поддршка до погодените лица и нивните семејства.

„Шокиран сум од железничката несреќа во Урда. Изразувам солидарност и поддршка за жртвите и нивните семејства“, изјави шпанскиот премиер.

Тој нагласи дека службите за итни случаи работат на самото место за да им пружат помош на настраданите и да ја осигураат нивната безбедност.

Шпанските власти стравуваат дека оваа несреќа би можела да биде уште посериозна од железничката трагедија што ја погоди земјата во јануари оваа година. Новинарот од Мадрид, Сајмон Хантер, изјави за „Скај њуз“ (Sky News) дека глетката на местото на несреќата е „апсолутно поразителна“. Весникот „Ел Паис“ (El País) пренесува дека последиците би можеле да бидат уште полоши од оние во јануари.

На 18 јануари, во судир меѓу два брзи воза во близина на градот Адамуз, во провинцијата Кордоба, загинаа 46 лица, а повеќе од 120 беа повредени. Тогаш, воз на компанијата „Ирио“ (Iryo), кој сообраќал од Малага кон Мадрид, излетал од шините и завршил на соседниот колосек, каде што удрил во воз на „Ренфе Алвија“ (Renfe Alvia) што доаѓал од спротивната насока. Два вагони од возот „Алвија“ паднале од насипот. Истрагата покажа дека можна причина е оштетување на заварен спој на шините.

Хантер истакна дека шпанската мрежа на брзи железници долго време била извор на национална гордост, но трагедијата во јануари сериозно ја разнишала довербата на јавноста. Овој нов судир, додаде тој, ќе отвори бројни прашања во врска со безбедноста на железничкиот сообраќај во земјата.