Лукаревска: Вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта

Пратеничката од СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот, нагласи дека вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта, не носи фискална консолидација, туку го задржува зголемениот дефицит, јавниот долг останува на високо ниво, а за граѓаните нема мерки, се вели во соопштението од СДСМ.

Пратеничката од СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот, нагласи дека вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта, не носи фискална консолидација, туку го задржува зголемениот дефицит, јавниот долг останува на високо ниво, а за граѓаните нема мерки, се вели во соопштението од СДСМ.

„Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, се задржува проекцијата за реален економски раст од 3,5%. Иако Светска банка ја коригираше својата прогноза за економскиот раст на Македонија за 2026 година од 3% на 3,2%, проекцијата на Министерството за финансии и натаму е повисока. Ова е важно имајќи предвид фактот дека правиме втор ребаланс на Буџет, кој повторно и повторно го темелиме на нереални претпоставки. Повторно се планира преку пооптимистички претпоставки што на крајот на годината може да значи повторно нереализирање на она што е првично планирано, како што укажав и при првичното планирање на Буџетот, како и при првиот ребаланс дека премногу се темелиме на оптимизам“, рече Лукаревска.

Таа се задржа на четири тези кои, како што кажа, ја прават споредбата меѓу кажаното, видливото и реалното, па и нереалното од јулскиот и овој, октомвриски ребаланс. Притоа наведе дека зголемениот дефицит беше оправдуван со инвестиции, а сега дополнителните инвестиции се повлечени, дефицитот останува. Таа додаде дека јулското предупредување за растот на тековната потрошувачка се гледа во октомвриските бројки.

„Во расправата во јули, укажав дека зголемувањето на дефицитот не може да се објаснува само со инвестиции, бидејќи истовремено растат субвенциите, социјалните трансфери и платите. Владините претставници, пак, го истакнуваа развојниот карактер на ребалансот“, рече пратеничката, додавајќи дека тековните расходи се зголемуваат за дополнителни 1,012 милијарди денари во однос на јули, а за 6,275 милијарди денари во однос на почетниот буџет. Само социјалните трансфери во октомври се зголемени за плус 3,6 милијарди денари во однос на јули: пензиите за 1,3 милијарди денари; социјални надоместоци за плус 1,4 милијарди денари; здравствена заштита за 887 милиони денари.

„Ова се обврски што мора да бидат исплaтени, но дополнителното дообезбедување средства само три месеци по претходниот ребаланс пак ја враќа дилемата колку биле реални јулските проекции. Зошто овие потреби не биле целосно предвидени во јули и кој дел од нив ќе се повторува во Буџетот за 2027 година?“м прашаа таа.
Во однос на јунските најави за капитални проекти наспроти октомвриските кратења, Лукаревска рече дека укажуваат на проблем со проектната подготвеност и планирањето, но и дека наглото преформулирање на расходните приоритети во рок од три месеци бара објаснување: кои проекти биле зрели за реализација во јули, што точно се променило до октомври и кои обврски ќе се пренесат во 2027 година.
Ист така, како што додаде, во јули приходите беа „според очекувањата“; во октомври се намалени и приходите и расходните цели, но сепак дефицитот останува висок.
Според Лукаревска, намалувањето на акцизите имаше познат фискален ефект уште во јули, но октомвриската корекција покажува дека повисоката јулска приходна цел не се задржала.

„На која ажурирана месечна проекција се заснова очекувањето дека годишниот дефицит ќе остане 4,1% од БДП? Самите осуммесечни податоци бараат убедлива прогноза за последните месеци. Притоа исто така да не заборавиме дека сме една од земјите со најголемо поскапување на горивата од почетокот на кризата во регионот на Западен Балкан, горивата се зголемени за некаде 35- 40% од пред почеток на кризата, земја каде граѓаните имајќи ги предвид нивните плати можат да купат најмала количина на горива“, рече Лукаревска.

Централното прашање , според неа, после овие четири издржани тези е -Ако во јули повисокиот дефицит беше оправдан со дополнителни развојни инвестиции и реалистични проекции, како треба да се објасни октомврискиот буџет во кој дополнителните инвестиции се повлечени, тековните расходи се повисоки, приходите се ревидирани надолу, а дефицитот останува непроменет?

„Очигледно е дека вториот ребаланс не носи фискална консолидација, туку го задржува зголемениот дефицит – Фискалната консолидација подразбира постепено намалување на фискалната нерамнотежа, контрола на структурните расходни притисоци и создавање простор за реакција на идни шокови. Намалувањето на приходите и расходите за идентичен износ е буџетско приспособување, но не и дополнителна консолидација. Државата и понатаму планира ист дефицит како по јулскиот ребаланс. При очекуван реален економски раст од 3,5% во 2026 година, ова бара јасно објаснување на стабилизирачката или развојната функција на расходите. А,ММФ во консултациите за 2026 година препорача фискална консолидација“, рече Лукаревска.

Таа исто така смета дека намалувањето на средствата за енергетика , животна средина, здравство бара објаснување за проектите.

Во однос на јавниот долг таа рече дека останува многу близу до прагот од 60% од БДП, што е доволна причина за зголемување на загриженоста.

„Основното прашање не е само дали се обезбедени средства за исполнување на тековните обврски, туку дали расходната структура обезбедува соодветен баланс меѓу тековната потрошувачка, развојните инвестиции и фискалната одржливост. Државата влегува во последниот квартал од 2026 година со повисок дефицит од првично планираниот, со значително намален капитален буџет во однос на јули и со дополнителен раст на тековните расходи. За оценка на оправданоста на оваа промена потребни се проверливи податоци за причините за проектните одложувања, преземените обврски и среднорочните ефекти врз јавните финансии“, рече Лукаревска.