Кривични пријави за скопјанецот кој со мотор ,,леташе” на Партизанска

Од МВР информираат дека се поднесени кривични пријави за возачот на мотоцикл кој дивееше на бул.”Партизански Одреди” во Скопје.

Од МВР информираат дека се поднесени кривични пријави за возачот на мотоцикл кој дивееше на бул.”Партизански Одреди” во Скопје.

-Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл ,,сузуки” движејќи се небезбедно на едно тркало на бул.”Партизански Одреди” кај крстосницата со ул.”29-ти Ноември” во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден Град преземени се мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл ,,сузуки” со скопски регистарски ознаки кој на ден 03.10.2026 е управуван од машко лице по наведениот булевар при што најпрво е обавен разговор со сопственикот, потоа со корисник на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје.

Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен е разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл ,,сузуки” на бул. “Партизански Одреди” и истиот објавил неколку видеа на профил на мрежата Тик Ток.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, ,,безобѕирно управување на моторно возило” и по член 298 од Кривичниот законик- ,,загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство”, информираа од МВР.