Англичанка е тешко повредена по пад од голема висина додека правела селфи во туристичкото место во Црна Гора.
Според тамошните медиуми, несреќата се случила на местото познато како Паштровачка гора.
Информациите се дека жената од местото каде паднала ја извадиле припадници на Службата за заштита и спасување од Бар од каде, пак, соопштуваат дека таа имала голема среќа, со оглед дека теренот бил карпест и стрмен, а падот бил од висина од околу 8 метри.
Веднаш и била укажана итна медицинска помош на лице место, по што била пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора. Засега не е позната тежината на повредите на туристката.