Џонсон: Тоа што го направи Путин во Украина е злобно!

„Тоа што рускиот претседател Владимир Путин го направи во Украина е злобно“.

Ова е изјава на британскиот премиер Борис Џонсон.

„Мислам дека тоа што го направи е злобно. Сметам дека од тоа, веројатно следува дека, ако сте она што го правите, тогаш секако е“ – одговори Џонсон на прашањето дали Путин бил злобен, при разговор со „GB News“ на Самитот на НАТО во Мадрид.

Премиерот на Британија додаде дека тоа „било ужасен чин на неоправдана агресија против невин народ“.

Џонсон отворено ја поддржува Украина, одржува редовни телефонски разговори со претседателот Володимир Зеленски и го посети Киев двапати од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, потсетуваат медиуми.

Британската Влада соопшти за уште една милијарда фунти воена поддршка за Украина, а НАТО во Мадрид ја посочи Русија како најголема „директна закана“ за западната безбедност.

„Оружјето, опремата и обуката на Обединетото Кралство ја трансформираат одбраната на Украина со цел да се спротивстави на овој напад. Ќе продолжиме цврсто да стоиме покрај украинскиот народ за да се осигураме дека Путин нема да успее во Украина“ – нагласи Џонсон.