Во вториот квартал од 2022 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заради констатирани непочитувања на радиодифузерите на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, донесе 12 решениja за преземање мерка-јавна опомена, информираше денеска директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.
Четири решенија се донесени поради непочитување на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, три поради непочитување на правилата за пласирање производи, две поради прекршување на забраната за учество во телешопинг спотови, визуелно или тонски, на лице кое редовно презентира вести, едно решение за употреба на јазик спротивно на пропишаниот начин во Законот, едно поради необјавување на податоци за импресум и едно поради неисполнување на обврската за доставување на писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за телевизиско емитување во законски предвидениот рок.
-Во однос на операторите на јавна електронска комуникациска мрежа, три решенија за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмски сервиси беа изречени поради реемитување програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата и едно решение за преземање мерка – јавна опомена поради тоа што операторот во својот програмски пакет не ги обезбедил програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис. На операторите им беше наложено веднаш по приемот на решението да го усогласат своето работење со одредбите од ЗААВМУ, истакна директорот на ААВМУ.
Поради неисполнување на обврската за плаќање на годишниот надоместок за дозволата за телевизиско/радио емитување, како што информираше Трајчевски, покренати се три постапки за одземање на дозволата. Во меѓувреме, радиодифузерите го платиле во целост годишниот надоместок за дозвола, по што трите покренати постапки за одземање на дозволата биле запрени.
Информираше дека е покрената и една постапка за одземање на дозволата на едно локално радио од Охрид поради тоа што радиото престанало со емитување на радио програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини, но постапката е сеуште во тек.
Помошник-раководителката на секторот за правни работи и јавни набавки, Ивона Муфишева, во својата презентација со наслов „Најчестите прекршувања на законските одредби: Како да се отстранат“ рече дека во 2021 година констатирани се 34 прекршувања кои се однесуваат на програмските стандарди, додека од јануари до јуни оваа година констатирани се 20 прекршувања.ување, истакна Муфишева.