СДСМ: Арамијата пред светот рече дека Македонија не е сериозна држава – голем срам за нашата татковина
СДСМ остро го критикува настапот на премиерот Христијан Мицкоски на Генералното собрание на Обединетите нации, обвинувајќи го дека со изјавата оти Македонија допрва треба да стане „сериозна држава“ ја претставил земјата во негативно светло пред меѓународната јавност.

Од партијата велат дека државата не може да се претставува како несериозна и дека со ваквата порака Мицкоски, според нив, ја понижил земјата за да се прикаже себеси во подобро светло.
Во реакцијата се упатуваат и критики за настапот на Мицкоски во Њујорк, при што СДСМ го обвинува дека средбите со странски државници ги претставува како официјални дипломатски активности, иако, според партијата, дел од нив се случувале во ходници и биле проследени со фотографии.
СДСМ со критика и за неговиот настап во Обединетите нации, посочувајќи дека во говорот, како што наведуваат, не го употребил името „Македонија“, туку зборувал за „мојата земја“.
Од партијата упатуваат и обвинувања за односот на Владата кон странските инвеститори и рударските проекти, поврзувајќи ги со планираниот ископ на антимон.
СДСМ оценува дека настапот на Мицкоски претставува сериозен удар врз угледот на земјата и го повикува премиерот да одговара за начинот на кој ја претставува Македонија пред меѓународната јавност.
„Државата беше сериозна. Несериозен е тој како премиер“, наведуваат од СДСМ во реакцијата.