Четири жени пријавиле насилство од своите сопрузи или порнешни партнери

Четири жени од Скопје и Неготино, последните 24 часа пријавиле некаков вид насилство, извршено врз нив, од страна на нивните сопрузи или поранешни партнери.

Четири жени од Скопје и Неготино, последните 24 часа пријавиле некаков вид насилство, извршено врз нив, од страна на нивните сопрузи или поранешни партнери.

На 26.09.2026 околу 15:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Д.(44) од Скопје. Тој, претходно физички ја нападнал неговата 42-годишна сопруга, а откако дошла во Полициското одделение Шуто Оризари да го пријави настанот, тој дошол по неа, агресивно се однесувал кон полициски службеници, повторно ја нападнал и се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.09.2026 во 16:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода В.И.(51) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 45-годишна сопруга. По документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (27.09.2026) во 03:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, 43-годишен маж од Скопје со остар предмет упатувал закани кон неговата сопруга. Лицето е сместено во здравствена установа, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (27.09.2026) во 00:30 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека на 25.09.2026 и на 26.09.2026 во Скопје била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер И.М. од Скопје. Според пријавеното, таа ѝ во изминатиот период била физички малтретирана од него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.