
Филипче за „Платформа 12.05“: Мала група пучисти што седи заедно со Левица, тие не му останаа должни
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски.
„Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче.
Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ седат на иста маса со луѓе од партија Левица која истакнувала пораки против НАТО, која е проруска партија а истовремено бараат промени во СДСМ.
„Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве со кои седаа пучистите вчера. Еве со овие луѓе и со претставници на други партии бараат промена во СДСМ“, рече Филипче.
Претседателот Филипче го постави прашањето зошто оваа група настапува токму сега, во период кога рејтингот на ВМРО се намалува, а СДСМ се консолидира и бележи раст на поддршката.
„Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече тој.
Целта е да се одземе вниманието од важните прашања што ги отвора СДСМ: плановите за дата-центри и нови рудници, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите.
Од таму му одговрија: „Имаме разбирање за причините за растечката нервоза, но вакви манипулации нема да одмолчиме бидејќи сметаме дека сме должни да го заштитиме интегритетот на оние учесници на вчерашна сесија „Разговори #2“ кои не се политичари, стои во писмената реакција на организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“.
„Венко Филипче со малата група се фракција во СДСМ. Тој не е претседател на членството туку претседател на фиктивни картички за гласање. Денес се потврди токму тоа. Со сите притисоци врз членовите, тој на прес-конференцијата собра половина раководство и стотина луѓе во публика. Тоа е помалку од еден процент од гласовите кои наводно ги освои на внатрепартиските избори. Венко Филипче нема образ за обвинувањата кои ги пласира. На пример, во неговиот Централен одбор седи Рубин Земон, човекот кој го оспорува Македонскиот великан Гоце Делчев.
„Со Левица ние имаме многу разлики за различни прашања, но сме согласни за едно, “на ти – дај ми” тандемот Мицкоски – Филипче мора да бидат поразени. На втората сесија на “Разговори за иднината во 12:05” имаше идеолошка, експертска и демократска дебата која во СДСМ не се случила со години. Таа маса на Платформата вчера тежеше минимум 150 илјади гласа“, додаваат од таму.
Сметаа дека со „хистеријата која упорно се обидува да ја наметне Венко Филипче, тој свесно ги одвраќа опозициските гласови од СДСМ затоа што е уценет и мора да одработи во полза на ВМРО – ДПМНЕ. Главен кочничар на обединувањето на опозициската демократска и прогресивна јавност е ова изгубено партиско раководство чија единствена цел им е да се докопаат до пратенички мандати. Мнозинството членови на СДСМ мислат со своја глава и знаат да препознаат кој за што се бори“.