Во хеликоптерска несреќа во Канада загинаа четворица

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа југоисточно од Монтреал, соопшти полицијата.

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа југоисточно од Монтреал, соопшти полицијата.

Националните телевизиски куќи CBC и CTV објавија дека несреќата се случила околу 14:30 часот по источно време (18:30 GMT) и дека авионот горел кога службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот, во близина на градот Сент-Брижид-д’Ибервил.

Покраинската полиција ја потврди смртта на сите четворица патници во хеликоптерот.

Полицијата сè уште не објави детали за сопственоста на хеликоптерот, неговото потекло или целта на летот.

Одборот за безбедност на сообраќајот на Канада испрати истражители на местото на настанот.