(ВИДЕО) Кузмановска: СДСМ ја нема изгубено својата идеологија

➡Сметам дека рејтингот на СДСМ се дига изминатиов период. Меѓутоа кога би требала да ги поврзам со хемијата и политиката, мислам дека не постои некоја магична формула којашто би оправила одредена политичка партија, но потребни се одредени компоненти и состојки, коишто во политиката тоа би биле луѓе, идеологија, вредности и многу работа. ➡Таа вели дека доста луѓе поминале низ СДСМ и смета дека сите имаат значаен придонес во улогата на партијата. ➡СДММ е дом кадешто се градат квалитетни кадри, односно кадри коишто работат за унапредување на положбата на партијата, но и на општеството генерално, вели Кузмановска. ➡Политиката пред сѐ треба да биде натпревар на идеи и сметам дека ние како млади, не само како млади социјалдемократи, туку генерално подмладоците на политичките партии треба во иднина да работиме на промена на тој генерациски јаз којшто го имаме во однос на политичката култура. ➡

„Не би рекла дека треба опоравување, затоа што сметам дека рејтингот на СДСМ се дига изминатиов период. Меѓутоа кога би требала да ги поврзам со хемијата и политиката, мислам дека не постои некоја магична формула којашто би оправила одредена политичка партија, но потребни се одредени компоненти и состојки, коишто во политиката тоа би биле луѓе, идеологија, вредности и многу работа.

-Сметам дека СДСМ во моментов ги поседува тие компоненти за постигнување на позитивни резултати“, изјави во „Трилинг“ Стефанија Кузмановска претседателка на СДММ, на прашањето која е формулата за опоравување на СДСМ.

Таа вели дека доста луѓе поминале низ СДСМ и смета дека сите имаат значаен придонес во улогата на партијата.

„Дел од нив биле и во СДММ, започнале да се градат во структурите на младината, а подоцна продолжиле и во СДСМ. Тоа значи дека СДММ е дом кадешто се градат квалитетни кадри, односно кадри коишто работат за унапредување на положбата на партијата, но и на општеството генерално“, вели Кузмановска.

Прашана за нејзино мислење кога СДСМ ја напушти идеологијата и почна да го губи тлото, односно да ги изгуби оние симпатизери , поддржувачи на кои претходно секогаш можеше да смета на како сигурни гласачи, Кузмановска со став дека СДСМ ја нема изгубено својата идеологија.

„Можам конкретно да зборам и преку мојот личен пример. Меѓутоа општествените процеси и случувањата во нашата држава си носат и свои предизвици коишто налагаат малку поинакво функционирање. Но кога станува збор за вредностите и идеологијата не би се согласила дека СДСМ ја изгубил својата идеологија. Впрочем, тоа го покажуваме и преку политиките и иницијативите коишто СДСМ ги предлага преку програмската платформа, а истовремено, она што јас можам да го зборувам во мое име, во мојот домен, е Манифестот на социјалдемократијата, коешто СДММ го искреира во 2024 година. Тоа е идеолошки документ којшто се заснова на заложби кои подоцна ги претвораме и треба да се претворат, дел од нив, коишто сѐ уште не се започнати, во конкретни предлог иницијативи, предлог заложби, предлог политики, и всушност суштината на тој Манифест се вредностите на социјалдемократијата, вели Кузмановска.

Околу тоа зошто битката помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ наместо да се претвори во борба за идеи, сугестии, се претвора во лична битка и најчесто се сведува на тоа во која партија има повеќе наркомани или пијаници, Кузмановска вели дека како млад човек не би се согласила дека треба да има такви политички препукувања врз основа на лични позадини и слично.

„Политиката пред сѐ треба да биде натпревар на идеи и сметам дека ние како млади, не само како млади социјалдемократи, туку генерално подмладоците на политичките партии треба во иднина да работиме на промена на тој генерациски јаз којшто го имаме во однос на политичката култура. И уверена сум дека новите генерации, што се дел од подмладоците, имаат многу поразлично ниво, и многу поразлична култура со којашто настапуваме и во јавноста, но и кога станува збор за одредени политички прашања“, вели Кузмановска.

Околу податокот дека Македонија се соочува со егзодус на младите, демографски колапс и што е она што ги тера младите да заминат, и што е она што треба да се направи да ги задржиме, Кузмановска вели дека миграциските процеси се генерално глобален проблем.


„Не се иселуваат само од Македонија, тие процеси ги гледаме и во многу поразвиени земји, што е и нормално. Меѓутоа причините во минатото беа од економска гледна точка, но некои последни анализи и истражувања покажуваат дека не се иселуваат од економски причини од државава. Станува збор дека младите сакаат да живеат во општество и држава без корупција. Сакаат да живеат во држава воја ќе имаме владеење на правото. Сакаат да живеат во држава во која ќе уживаат квалитетно образование, квалитетен здравствен систем. Тоа значи дека решенијата што ќе ги нудиме со цел намалување на овие проблеми, намалување на егзодусот од државата, сепак треба да бидат во суштината на овие конкретни проблеми коишто младите највеќе ги таргетираат. Односно ние како млади мора да работиме на креирање на предлог решенија и политики коишто би го подобриле, не само младинскиот, туку и животниот стандард во државата.

-Сепак, на крајот на денот и покрај тоа што погледнуваат колку пари им останале во џебот на крајот од месецот, треба да се погледнеме и какво образование имаме, какво здравство ни се нуди“, вели Кузмановска.

Таа вели дека младите се апатични кога станува збор за вклученост во политичките води заради ниската доверба.

„Ниска доверба во политичките партии. Затоа што имале одредени очекувања коишто би требало да се исполнат, а не биле исполнети. СДСМ направи многу додека беше на власт кога станува збор за млади и младински политики и тоа говорат самите резултати. Зборувам од аспект на субвенционирање на студентски оброк, зголемување на студентските стипендии за 100%, а тие пракси не продолжија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, и сметам дека мора да имаме континуитет кога станува збор за прашања кои ги засегаат младите. Младите се онаа генерација која најдолго ќе ги живее последиците од одлуките на денешните политичари“, вели Кузмановска.

Прашана за тоа од што младите најмногу се разочарани, претседателката на СДММ вели дека тоа затоа што живеат во општество полно со корупција, сакаат да владее правото во државата. СДСМ додека беше на власт направи многу во поглед на искоренување на корупцијата, но граѓаните како и секогаш од СДСМ очекуваат повеќе од нас.

„Тоа е и нормално. Од СДСМ секогаш се очекува многу повеќе, затоа што сме државотворна партија, направила многу за државата и очекувано е од граѓаните да очекуваат многу повеќе отколку од ВМРО-ДПМНЕ“, смета Кузмановска.

За тоа кај кој според неа од сите досегашни лидери на СДСМ владеело рациото, а не клиентелизмот и елитизмот, Кузмановска вели дека не може да се говори за клиентелизам и елитизам во социјалдемократска партија.

„Сепак пред сѐ ние сме социјалдемократи и се бориме против елитизмот и клиентелизмот, и не мислам дека СДСМ во историјата на своето постоење имала претседател кај којшто владееле тие особини“, потенцира Кузмановска.

Околу евроскептицизмот или европската перспектива, претседателката на СДММ вели дека во Македонија присутни се двете.

„Неодамна имав прилика да говорам на една конференција во Европскиот парламент. Има една анализа која покажува дека речиси 40% од младите не веруваат дека Македонија воопшто ќе влезе во ЕУ, додека пак само 45% од младите гледаат позитивно на ЕУ. И целиот оној процес кој започнал во 2005 година им губи надеж на младите дека Македонија воопшто би се вклучила во ЕУ. Сметам дека Македонија треба да влезе Унијата, но тоа ќе биде кога ќе видиме реформи во државата, и кога ќе видиме желба државата да сакаме да влезе во ЕУ, што оваа власт не го покажува, вели Кузмановска.

Целото интервју погледнете го во видеото