
Јавна дискусија „Западен Балкан во поредок што се менува: проширување, идентитет и демократски иднини“
Јавна дискусија на тема „Западен Балкан во поредок што се менува: проширување, идентитет и демократски иднини“ ќе се одржи денеска во организација на Претседателскиот центар „Стево Пендаровски“.
Јавна дискусија на тема „Западен Балкан во поредок што се менува: проширување, идентитет и демократски иднини“ ќе се одржи денеска во организација на Претседателскиот центар „Стево Пендаровски“.

Дискусијата ќе ја отвори поранешниот претседател на Стево Пендаровски. Воведни излагања ќе имаат Борис Буден, културолог и писател, Јоанис Армаколас, вонреден професор на Универзитетот „Македонија“ и истражувач во Хеленската фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и Александар Спасов од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Разговорот, како што се наведува во најавата, ќе ја разгледа поврзаноста меѓу геополитичките околности и прашањата на идентитетот, како и условите неопходни за надминување на ризиците од стабилократија и авторитарни тенденции и за унапредување на демократската консолидација на регионот, заснована на европската перспектива. По воведните излагања ќе следува сесија со прашања и одговори, со завршни осврти на говорниците.
Настанот се организира во соработка со Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, Фондацијата „Фридрих Еберт“, и Фондацијата „Зоран Ѓинѓиќ“.