
Лукашенко помилува 15 затвореници по разговорите со САД
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денес со указ помилува 15 затвореници, а оваа одлука уследи по минатонеделните разговори со пратеникот на американскиот претседател – Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денес со указ помилува 15 затвореници, а оваа одлука уследи по минатонеделните разговори со пратеникот на американскиот претседател – Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.
Пратеникот на Трамп, Џон Кол, повеќе од една година преговара со Лукашенко и досега посредуваше во ослободувањето на неколку стотици затвореници, вклучувајќи опозициски фигури, активисти, новинари и адвокати – во замена за укинување на одредени американски санкции.
Забранетата организација за човекови права „Вјасна“ наведува дека во Белорусија сè уште има 883 политички затвореници, осудени за дела како што се екстремистички активности, поттикнување омраза или навреда на претседателот.
Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, владее со Белорусија од 1994 година.
Тој го негира постоењето на политички затвореници во оваа поранешна советска република, но се обрати до администрацијата на Трамп за да издејствува олеснување на санкциите и намалување на меѓународната изолација.
Кабинетот на Лукашенко соопшти дека меѓу 15-те новопомилувани лица има 10 жени и дека 13 од нив „сториле кривични дела од екстремистичка природа“.
Се наведува дека помилувањата биле доделени откако тие побарале милост и изразиле каење.