Обвинителство: Во тек е акција „Филтер 2“, предизвикана е штета на буџетот од големи размери

Царинската управа, во соработка со МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во моментот спроведува акција „Филтер“, за шверц на цигари, во која се уапсени десетина лица, меѓу кои и царински службеници, а се прават претреси на над 20 локации.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција потврдуваат дека во тек е голема акција за сузбивање на криминал поврзан со „Криумчарење“ и „Царинска измама“.

-Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдува дека во тек е координирана акција под кодно име „Филтер 2“, која под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција ја спроведуваат Царинската управа и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР-БЈБ.

Акцијата е резултат на криминалистичка истрага поради постоење основано сомнение за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои Криумчарење и Царинска измама при што е предизвикана штета на државниот буџет од големи размери.

По завршување на активностите, јавноста ќе биде дополнително информирана, информираат од Обвинителството.