Остар говор на претседателот на Иран во ОН: „Никогаш нема да ги наведнеме главите“

„Претседателот на САД нè опиша како терористи. Ние сме жртви на тероризам“, вели тој.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во обраќањето пред Генералното собрание на ОН многу луто реагираше на вчерашниот говор на Доналд Трамп.

„Претседателот на САД нè опиша како терористи. Ние сме жртви на тероризам“, вели тој.

Тој рече дека САД „бомбардирале училиште“ и дека „деца загинале под бомбите и оружјето користено од САД и Израел“.

Тој рече дека Иран „не ја наведна главата… и возвратил, но не сме гаѓале цивилно население“, туку „само се браневме – ние не сме терористи“.

Додека тој зборуваше американската делегација ја напушта салата.

„Никогаш нема да ја наведнеме главата“, рече Пезешкијан, додавајќи дека земјата е „подготвена за дијалог“, но без закани.

Навраќајќи се на вчерашниот говор на Трамп, истакна дека „сè што беше кажано за нашата земја е спротивно на самата суштина“ на Повелбата на ОН. „Тој мора да знае дека отпорот на иранскиот народ само ќе се засили пред санкциите, зголемениот притисок и зголеменото малтретирање.

Г-дин Трамп и оние што сакаат да нè малтретираат мора да разберат дека ние сме подготвени за дијалог, дипломатија и преговори – но без да го прифатиме јазикот на силата“.

„Ќе застанеме во одбрана на нашиот сакан Иран до последниот здив“, рече претседателот.

Пезешкијан потоа нагласи дека сака да каже „неколку зборови“ до оние што „извршиле агресија врз нашата земја“.

„Тие ја тестираа силата и цврстината на Иран и научија дека Иран не може да биде принуден на предавање. Иран никогаш, ама баш никогаш, не бил агресор, никогаш не започнал војна и секогаш ја покажувал својата посветеност кон преговарачката маса.

Тие ни ја наметнуваат војната, но ние докажавме дека не се плашиме од борба, од војна што е од одбранбен карактер, и ќе застанеме во одбрана на нашиот сакан Иран, нашата татковина, до последниот здив.“

Тој направи споредба меѓу Иран и Израел, особено укажувајќи на двојни стандарди, велејќи:

„Израел поседува нуклеарно оружје, а инспекторите се во Иран. Израел убива, а Иран е подложен на санкции.“

За теснецот Хормуз, иранскиот претседател Пезешкијан рече:

„Не можеме да дозволиме некои да имаат слободен пристап и да ги остваруваат своите интереси преку еден воден пат, а истовремено да го користат тој пат за да вршат агресија врз нас, да создаваат несигурност и да ни го забрануваат пристапот до нашите сопствени водни патишта.“

Тој исто така предупредува дека какво било „ширење на воените дејствија нема да доведе до безбедност“. Тој потоа вели дека ситуацијата во Палестина останува „отворена рана на совеста на меѓународната заедница“ и „симбол на неуспехот на меѓународните механизми да го спречат страдањето на цивилите“.

„Не можеме да зборуваме за мир додека ја игнорираме Палестина. Траен мир во Западна Азија е невозможен без правда за Палестина“, рече тој.