Вучиќ имал трема пред говорот во ОН
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео порака од Централ парк во Њујорк, пред неговиот говор во Обединетите нации денес, кој ќе се одржи попладне, но тој го започна своето обраќање преку Инстаграм со напомена дека е рано наутро, но дека не трча ниту врти педали (алузија на велосипедската кампања на Студентската листа).

Претседателот на Србија е и носител на изборната листа на СНС и најави оставка од претседателската функција по враќањето од Њујорк.
Тој во видео пораката истакна дека не трча ниту врти педали, туку станува рано и работи, а исто така изјави дека има трема пред денешниот настап.
Вучиќ истакна дека е нервозен пред настапот, но дека може да им вети на граѓаните дека ќе даде се од себе, додека упати посебна порака до жените во Србија.
„Денес се подготвуваме со многу состаноци за настапот во Обединетите нации. Секако, имам трема. Единственото нешто што можам да им го ветам на луѓето е дека ќе се борам за нас и за нашата земја. На сите мои соборци, на сите што нè поддржуваат, би им кажал едно, а тоа е да се борат. Ќе пристигнам во Србија за два, два и пол дена и ќе ја водам борбата, борбата против оние што нè понижија нас и земјата, се обидоа да ги понижат жените во Србија, ги навредија и уништија сите наши вредности“, рече Вучиќ во видео порака.