Чешка воведе ограничувањe на цената на горивата и привремен данок за рафинериите

Чешката Република воведува ограничување на малопродажните цени на горивото и привремен данок за рафинериите почнувајќи од октомври, објави владата на Андреј Бабиш, пренесува АФП.

Чешката Република воведува ограничување на малопродажните цени на горивото и привремен данок за рафинериите почнувајќи од октомври, објави владата на Андреј Бабиш, пренесува АФП.

Ова е втора ваква мерка што ја презема чешкиот премиер оваа година, по ограничувањата на цените на горивото спроведени во периодот од април до јули.

Цените на горивото – особено на дизелот – достигнаа рекордни нивоа во Европа поради конфликтите на Блискиот Исток и во Украина.

„Владата го одобри предлогот за повторно воведување регулација на цените на горивото почнувајќи од 1 октомври“, изјави чешката министерка за финансии, Алена Шилерова.

Таа прецизираше дека Министерството за финансии на дневна основа ќе ги одредува максималните дозволени цени за бензинот и дизелот.

Просечната цена на дизелот и бензинот на бензинските пумпи во земјата во август достигна 44,21 круни (2,08 долари) за литар, во споредба со 34,49 круни (1,63 долари) во август 2020 година, според податоците на ЦЦС, чешка компанија што го следи домашниот пазар на гориво од 2005 година.

Чешката влада исто така ќе воведе привремен данок за рафинериите – „сектор што има корист од растот на цените“, им изјави Шилерова на новинарите.

Земјите низ Европа реагираат на зголемените трошоци за гориво со слични мерки, забележува АФП.