
Литванија подготвила планови за евакуација за различни кризни сценарија поради безбедносните закани што ги поврзува со Русија. Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека Литванците се чувствуваат под постојана закана, меѓу другото и поради навлегувањата на дронови во воздушниот простор на земјата.
Тој порача дека во случај на напад Литванија нема да се предаде, туку ќе возврати и ќе се вклучи во борба. Меѓу разработените сценарија е организирано преместување на постарите граѓани од градовите за да се избегнат сообраќајни блокади при евентуална евакуација.
Литванија е членка на НАТО и се граничи со руската енклава Калининград, а премиерот нагласи дека за дел од безбедносните планови не се зборува јавно.
Изјавите доаѓаат една недела откако борбени авиони на НАТО собориле дрон што навлегол во литванскиот воздушен простор, но потеклото на леталото официјално не е потврдено.
Литванскиот министер за одбрана изјавил дека дронот дошол од правец на Белорусија, додека Москва не го коментирала инцидентот.