Премиерот Зоран Заев синоќа на средба со лидерите на партиите кои се дел од владината коалиција ги запозна со договорот со Алтернатива. Коалициските партнери беа запознати со содржината на документот, со основните начела за надградба на програмата за работа на Владата.
Премиерот рекол дека договорот со Алтернатива е за зајакнување на парламентарното мнозинство.
Заев смета дека сега е најважно да функционираат институциите со полн капацитет, да има успешен епилог на процесот за почеток на преговори за членство во ЕУ, односно изнаоѓањето решение со Бугарија, но и да се работи активно на справувањето со КОВИД-19.
Заев информира дека Алтернатива презема одговорност за активностите во неколку министерства, институции или подрачни единици или одбори согласно претходно утврдени принципи за постигнување договор за проширување на мнозинството.