Газда Деко дава 12 милиони денари вреден имот како гаранција дека нема да бега

Повеќе од 200 илјади евра нуди сопственикот на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко како гаранција дека нема да бега. Ова за Телма го потврдуваат од Кривичниот суд од каде велат дека се работи за недвижен имот кој Јованов го става под хипотека. Гаранцијата е пристигната во судот и испратена на мислење во обвинителството кое треба да се изјасни дали се согласува со гаранцијата.

Телма веќе објави дека Јовановски без разлика на тоа дали ќе даде или не гаранција, тој излегува од притвор на 3 октомври. Законски може оваа мерка да ја издржува една година од оценката на обвинението, кое било прифатено лани на 3 октомври.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска вели дека имотот е негов и на близок член на неговото семејство. Без разлика што дел од имотот е замрзнат поради постапката која се води против него во Кривичниот суд, вели дека истиот имот може да биде ставен и како гаранција.

„Предметот е под голем притисок од јавноста и очекувам дека за кусо време ќе се добие мислење од обвинителството и одлука на судот“, вели Коцевска.

Јованов беше приведен веднаш после пожарот во дискотеката на 16 март, а му беше одреден притвор на 23 март, лани. Судењето против него и уште 33-ца обвинети започна во ноември и сѐ уште трае, а предвидувањата се дека ќе биде еден од најдолгите и најобемните процеси. На 16 март 2025 година во дискотеката Пулс од Кочани, загинаа 63 луѓе а повеќе од 200 беа повредени.