Во Белгија протестираат здравствените работници – се противат на задолжителна вакцинација
Денеска во Белгија здравствените работници протестираат против мерката за задолжителна вакцинација затоа што се отпуштаат од работа доколку засегнатите не прифатат да бидат вакцинирани.
Здравствените работници сметаат дека наместо задолжителна вакцина властите треба да вложат поголеми средства во здравствениот сектор, да отворат повеќе болнички кревети и да го зголемат персоналот.
Бројот на невакцинирани здравствени работници е помал од 10%.
Од Здравствените синдикати веруваат во вакцината и сметаат дека таа е во овој момент едно од најдобрите решенија, но потсетуваат дека здравствените работници не се тие што го шират вирусот.