
Канада води тајни преговори со Европската Унија за вклучување во големиот европски заем за Украина во вредност од 90 милијарди евра, објави „Фајненшл тајмс“.
Околу 60 милијарди евра од вкупната макрофинансиска рамка за периодот 2026-2027 година се планирани директно за покривање на воените потреби на Киев.
Канадскиот премиер, Марк Карни, се залага за подлабока интеграција со европскиот пазар и се обидува да изгради „сојуз на либералните сили“, со кој би ја намалил економската зависност на земјата од Вашингтон.
Се очекува точниот износ на финансискиот придонес на Отава да биде конечнo договорен пред самитот ЕУ – Канада што кон крајот на октомври треба да се одржи во Монтреал.