„Украинските власти, доколку сакаат, можат да ги прекинат воените дејствија во рок од неколку часа“ изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е неопходно да се заврши војната пред зимата.
„Украинската страна може да запре сè пред крајот на денешниот ден. Потребна е наредба до националистичките единици да го положат оружјето, наредба до украинската армија да го остави оружјето и треба да ги исполнат условите на Руската Федерација. Сè може да се заврши пред крајот на денот“ – рече Песков.
Тој додаде дека руската страна се води од изјавите на Владимир Путин и дека „специјалната воена операција се одвива според планот и ги постигнува своите цели, пренесува РИА Новости.