Минималната пензија во Бугарија е 235 евра, максималната 1.000 евра

Од 1 јули минималната пензија во Бугарија ќе достигне 467 лева (235 евра), а максималната пензија ќе се искачи до 2.000 лева (1.000 евра).

Тамошните медиуми јавуваат дека од 1 октомври ќе има уште едно покачување кое ќе стигне до 3.400 лева (1.700 евра), колку што изнесува максималниот приход од осигурување во Бугарија, беше прецизирано по расправите во собраниската Комисија за буџет.

Во Народното собрание денеска започнува вонредната седница на која се очекува да биде усвоен ребалансот на државниот буџет на Бугарија.