Фронтекс за првпат распоредува патролен брод во Ламанш

Граничната агенција на ЕУ, Фронтекс, за првпат распореди патролни бродови во Ламанш за да помогне во спасувањето на мигранти кои се соочуваат со тешкотии при преминувањето од северна Франција во Велика Британија, јави ДПА.

Брод, што плови покрај францускиот брег, е поддржан во потрага и спасување од француски бродови и е во координација со авион за надзор што Европската агенција за гранична и крајбрежна стража го распореди над Ламанш од 2021 година, соопшти Фронтекс.

Фронтекс ќе распореди шпански брод во септември и друг во октомври, додека бродови од Литванија се планирани од ноември до јануари 2027 година.
Француските власти ја задржуваат контролата врз операциите што вклучуваат бродови на Фронтекс.

Агенцијата на ЕУ нагласи дека нејзината улога е ограничена на поддршка на француските операции за спасување и не вклучува „пресретнување мигранти на море“.

Лондон долго време се обидува да ги ограничи преминувањата со француска поддршка и му обезбеди на Париз милиони фунти, особено за зајакнување на граничната безбедност.