Aлбанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Конгресот на Светската федерација за кревање тегови во Тирана повторно со гнев заради дел од ситуацијата во светот кога станува збор за движењето.
„Овој свет ни дојде преку глава со граници, со затворени врати, со визи, со сертификати“ – изјави Рама.
Според него, доколку некој посакува да земја каде не ну се потребни никакви визи, тогаш таа земја е Албанија.
„Вие сте дошле еднаш во оваа форма. Докажавме дека не сте направиле никаков терористички акт, ниту кривично дело, напротив вие сте прекрасни гости и може да дојдете кога ќе посакате на одмор. Нема потреба од визи, ниту од нешто друго. Дојдено ни е преку глава од овој свет со граници, со затворени врати, со визи и сертификати. Овдека нештата се едноставни. Кај нас пријателите се Бог“ рече Рама на конференцијата на која учествуваат делегации од 150 земји од светот.