Премиерот Кирил Петков поднесе оставка

Бугарскиот премиер Кирил Петков поднесе оставка до Владата на Бугарија, јавува агенцијата „БГНЕС“.

Според информациите, тој оставката ја испратил преку курир, откако рано утрово пристигнал во зградата на Министерскиот совет, придружуван од обезбедување.

Минатата недела беше изгласана недоверба во бугарскиот Парламент, по што падна Владата со гласовите на ГЕРБ, СДС, Вазраждане и Има таков народ.

Според бугарскиот устав, Националното собрание има право да направи три обиди за формирање на кабинет.

Ако не успее ниту еден обид, претседателот Румен Радев ќе назначи преодна Влада и ќе закаже предвремени избори.