Вооружен напад во Мексико – загинаа шестмина полицајци

Во вооружен напад на северот во Мексико синоќа загинаа шест полицајци, соопштија тамошните власти од државата Нуево Леон, која често има акти на насилство поврзани со трговија со дрога.

Полицијата среде ноќ била нападната од напаѓачи кои патувале со десетина оклопни комбиња.

Освен шестмината загинати полицајци, четворица се ранети, се вели во соопштението на властите, кои не прецизираа дали напаѓачите се членови на криминална организација која дејствува во регионот, што граничи со САД.

Околу 340.000 луѓе се убиени во Мексико од 2006 година, а повеќето од нив се верува дека се жртви на криминални организации.