Во тек е пријавувањето за учество на сесијата на Клубот на истражувачи на Народна банка

Во тек е пријавувањето за учество на сесијата на Клубот на истражувачи на Народна банка. Заинтересираните може да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 29 јуни 2022 година (среда).

Новата 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка ќе се одржи на 30 јуни 2022 година (четврток), со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Проценка на дистрибуцијата на доход во Северна Македонија: Пристап базиран на претходно недостапни даночни податоци“ од Димитар Фуна, кој е добитник на Годишната награда на Народната банка. По презентaцијата на трудот, предвидена e дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено од областа на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со стандардите и трендовите на современото истражување, односно емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите на Клубот може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд, кое е се уште во работна верзија. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.