
Унгарија се соочува со сериозна енергетска криза, откако рекордно нискиот водостој на Дунав ја загрози работата на единствената нуклеарна електрана во земјата – „Пакш“.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека следните неколку дена ќе бидат клучни, бидејќи дополнителното намалување на нивото на реката може да доведе до целосно запирање на производството на електрична енергија во електраната.
Според него, во неделата била исклучена претпоследната турбина, по што производството на електрична енергија било намалено од околу 2.000 мегавати на само 240 мегавати.
„Се соочуваме со невидена енергетска криза и со услови какви што никогаш досега не сме имале, ниту кога станува збор за водостојот на Дунав, ниту за високите температури“, изјави Маѓар за телевизијата RTL.
Тој нагласи дека непосреден приоритет е надминувањето на кризата, а потоа ќе треба да се извлечат поуки и да се инвестира повеќе во развојот на енергијата од ветер.
Маѓар претходно предупреди дека нуклеарната централа „Пакш“ би можела за првпат во својата 44-годишна историја целосно да ја прекине работата доколку водостојот на Дунав, кој моментално изнесува минус 133 сантиметри, се намали на минус 134 сантиметри.