Висок член на Шкаљарски клан убиен во Црна Гора
Јован Мрваљевиќ од Никшиќ е убиен вчера вечерта во пукотница во селото Капино Поље во Црна Гора. Мрваљевиќ се сметал за висок член на кланот Шкаљар, а полицијата интензивно трага по сторителите, пишува црногорскиот „ Вијести“ .

Полициската управа соопшти дека во саботата околу 20 часот во населбата Капино Поље, непознато лице пукало од огнено оружје кон Ј.М. од Никшиќ.
Тие потврдија дека починатиот бил член на организирана криминална група и дека починал на местото на настанот.
„Службениците на Полициската управа – Регионален центар за безбедност Запад, во соработка со надлежниот државен обвинител при Вишото државно обвинителство во Подгорица, преземаат сите законски предвидени и итни мерки за утврдување на сите околности и целосно расветлување на овој настан“, се вели во официјалното соопштение.
На почетокот на 2021 година, Мрваљевиќ беше осомничен дека е дел од криминална група која наводно го планирала убиството на белградските криминалци Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во Тиват.