Никако да се добијат три добри последователни анализи на водата за пиење во Гостивар

Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење, истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски.

​-Се следат пробите, тие ќе продолжат и во текот на викендот. Значи, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби. Во моментот, штом три едно по друго проби ќе бидат соодветни за пиење, ќе биде ставен во употреба водоводот. Она што е важно е дека водата сега може да се употребува за други намени, а не за пиење и подготовка на свежа храна. Така што тој дел барем е разјаснет. ​И тука нема, не можеме да шпекулираме. Треба три теста на кориснички места да бидат соодветни за да може АХВ да ја повлече забраната за употреба на вода за пиење-изјави Клековски на новинарско прашање по посетата на Клиничката болница во Штип.

Министерот за здравство, Клековски истакна дека секој ден се прават анализи од најмалку девет кориснички места и како што рече „кога ќе биде, ќе биде соопштено“.

-Значи, многу е неблагодарно да предвидам какви ќе бидат тестовите. Може да има еден тест кој не е соодветен и повторно треба три нови теста, три нови дена. Навистина е неблагодарно да предвидувам што и како ќе биде- изјави Клековски по посетата на Клиничка болница Штип.