Прилепската полиција уапси 53-годишен ресенчанец која денеска во центарот на Прилеп, пред градскиот пазар, со своето возило комби „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства.
За да го запре полицијата пукала со пиштол во гумите на возилото пред очевидци на настанот.
– Во Градскиот пазар Прилеп, додека продавал производи со возилото, тој бил отстранет од инспекцијата. Н.К. е приведен во полициска станица, а известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Увид ќе се врши, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од СВР Битола.