Македонските тенисери обезбедија опстанок во третата Дејвис куп група

Македонската машка тениска репрезентација обезбеди опстанок во третата Светска група од натпреварувањето од Дејвис купот, откако попладнево во решавачкиот натпревар го совлада Луксембург со 2-0.

Триумфот на македонската репрезентација на дуелот во Улцињ го донесоа Берк Бугариќ со победата од 2-0 во сетови над Ерик Пепард и Обрад Марковски, кој со максимални 2-0 беше поуспешен од Андреј Спасоевиќ.

Со тоа Македонија го заврши годинешниот настап во Дејвис купот со две победи, откако претходно беше поуспешна од Црна Гора во рамки на групата Б.