
„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“
„Синот на кројачот“ е достапен како дел од акцијата „Со книга на плажа“, по специјална летна цена, во книжарниците на „Матица македонска“ и преку онлајн-продавницата на издавачката куќа.
Најновиот роман на една од најчитаните авторки во регионот, Јелена Бачиќ Алимпиќ, е новото засилување на летниот книжевен избор на „Матица македонска“. Штотуку објавениот „Синот на кројачот“, долгоочекуваното продолжение на бестселерот „Кројачот“, е вклучен во големата акција „Со книга на плажа“.
Под слоганот „Лето создадено од приказни“, акцијата опфаќа околу 490 наслови за различни генерации и читателски вкусови – од актуелни светски и регионални бестселери до дела од македонската книжевност, монографски изданија и литература за деца. Книгите се достапни по специјални летни цени во книжарниците на „Матица македонска“ и преку онлајн-продавницата на издавачката куќа.
-Со вклучувањето на „Синот на кројачот“, во летната понуда влегува книга што до македонските читатели пристигна само неколку недели по регионалната премиера. Романот беше објавен во Србија на почетокот од јули, а уште во првите денови се искачи на првото место на листата „Топ 40 белетристика“ на издавачот „Лагуна“. Под пораката „Животот има крај. Љубовта нема“, Јелена Бачиќ Алимпиќ создава емотивна и динамична семејна сага за изгубеното време, вината, простувањето и искупувањето; за љубовта што ги надживува разделбите и за можноста човек да се соочи со минатото без да се откаже од иднината, наведува „Матица македонска“.
Јелена Бачиќ Алимпиќ е едно од најпрепознатливите книжевни имиња на овие простори, со бројна и верна публика и во Македонија. Нејзините романи објавени на македонски јазик се дел од понудата на „Матица македонска“, а со најновото издание читателите го добиваат продолжението на една од најчитаните актуелни книжевни приказни во регионот.
„Синот на кројачот“ е достапен како дел од акцијата „Со книга на плажа“, по специјална летна цена, во книжарниците на „Матица македонска“ и преку онлајн-продавницата на издавачката куќа.