Шукова: Катастрофата во Гостивар можеше да се спречи

Катастрофата во Гостивар можеше да се спречи доколку институциите реагираа навреме, доколку предупредувачките знаци не беа игнорирани и доколку граѓаните беа навремено информирани, нагласи претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во интервју, за Македонската радио-телевизија, се вели во соопштението од СДСМ.

Катастрофата во Гостивар можеше да се спречи доколку институциите реагираа навреме, доколку предупредувачките знаци не беа игнорирани и доколку граѓаните беа навремено информирани, нагласи претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во интервју, за Македонската радио-телевизија, се вели во соопштението од СДСМ.

Шукова посочи дека задоцнетата реакција на надлежните институции доведе до сериозна здравствена криза, и додаде дека мора да се изврши проверка прво на водата а пота и на сите водснабдителни системи во државата.

„Секако дека можеше да се спречи катастрофата во Гостивар и во другите градови, но има одредени предуслови кои мора да се исполнат за тоа. Прво за било кој систем еве и како овој во Гостивар мора да биде исправен за да даде квалитетна вода за граѓаните на Гостивар или за која било друга општина. Потоа, мора секогаш да се реагира навремено кога има предупредувачки знаци. Во овој случај ги имало уште во првите денови, меѓутоа се реагирало многу подоцна. Она што е многу важно, исто така, е навремено да се информира јавноста. Граѓаните треба да знаат со што се соочуваат. Не можете тие информации да им ги дадете после неколку дена. Кога сите овие неколку фактори последователно ќе се поврзат, на крајот добивате една ситуација – неисправен систем, предупредувачките знаци не ги почитувате, не ги информирате граѓаните навремено и, на крајот, настанува една епидемија. Во случајов е епидемија, бидејќи размерот можеше да биде навистина многу помал ако навреме се интервенираше“, рече Шукова
Таа додаде дека Владата и надлежните институции реагираа со недозволиво задоцнување, иако уште во првите денови имаше голем број заболени граѓани кои побарале лекарска помош.

„Сметаме дека не беше навремена, дека беше задоцнета реакцијата. Пет дена се премногу за да се прогласи епидемија кога гледате дека веќе во првиот и вториот ден имате огромен број случаи кои се јавиле и побарале интервенција во здравствените установи, односно во болницата во Гостивар. Самиот закон што ги регулира овие ситуации, односно за заштита на граѓаните од вакви ситуации, налага веднаш да се реагира при првите случаи. Уште во првиот ден имало преку стотици случаи кои се пријавиле и побарале помош“, рече Шукова
Шукова нагласи дека дополнителен проблем е нетранспарентноста на институциите и сокривањето на информациите од јавноста во време кога здравјето на граѓаните е директно загрозено.

„Исто така, она што е симптоматично е зошто не се објавуваа податоците. Ги чекаат биолошките и биохемиските анализи, а, де факто, се соопштија после една недела. Граѓаните мора да знаат со што се соочуваат. Ние цело време апелиравме да се кажат резултатите, да не ги држите во Основното јавно обвинителство, бидејќи во вакви случаи граѓаните мора да знаат со што се соочуваат и како да реагираат“, рече Шукова

Во интервјуто, Шукова посочи дека случајот со Гостивар не е изолиран, туку укажува на сериозен системски проблем со водоснабдителните системи во државата, поради што порача дека мора да се спроведе итна контрола на сите системи за водоснабдување во државата.

„СДСМ побаравме да се направи контрола во сите општини во државата, бидејќи очигледно има проблем со водоснабдителните системи во државата. Покрај Гостивар, овие денови се соочуваме со проблеми и во други градови, Валандово, Крушево, Велес, Лешок – значи, секој ден имаме нови случаи во нови општини, што значи дека имаме системски проблеми во државата, особено со одржувањето“, рече Шукова.

Таа порача дека превенцијата е единствениот начин да се спречат нови вакви случаи и дека државата мора веднаш да започне со контрола на квалитетот на водата и исправноста на водоснабдителните системи.
„Токму поради тоа бараме итно да се направи контрола на сите системи за водоснабдување во државата. Прво, мора да се провери водата за пиење, односно квалитетот на водата. Потоа треба да се провери исправноста на системите, тие мора да се одржуваат“, рече Шукова.