Муцунски вели: Протоколите не се дел од преговарачката рамка

По неколку години постојано тврдење на сегашната владејачка елита (а и кога беше опозиција) дека најголемата замка во преговарачката рамка со ЕУ се двата протоколи (особено вториот) меѓу Македонија и Бугарија, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска направи остар пресврт велејќи дека тоа не е така.

По неколку години постојано тврдење на сегашната владејачка елита (а и кога беше опозиција) дека најголемата замка во преговарачката рамка со ЕУ се двата протоколи (особено вториот) меѓу Македонија и Бугарија, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска направи остар пресврт велејќи дека тоа не е така.

На денешната прес-конференција министерот Муцунски изјави:

„Според мене, како министер за надворешни работи и како правник протоколите не се дел од преговарачката рамка“.

Тој додаде дека тоа се, всушност, записници од седниците на двете меѓудржавни комисии и ништо повеќе.

Тоа значи дека Муцунски се согласува со неговиот претходник на функцијата, Бујар Османи, кој поседниве три-четири години го тврди токму тоа – дека протоколите не се дел од преговарачката рамка. Тоа повеќе пати го изјави и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за потоа да биде напаѓан од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека е некаков „бугарски шпион или пион“.

„Еве четири години велам дека протоколите не се дел од преговарачката рамка. Четири години трпам критики, напади и навреди. Четири години цртам на табли, објаснувам, повторувам. Еден чекор поминат – Протоколот не е дел од рамката. Продолжуваме понатаму…“, напиша Османи на Фејсбук.

Муцунски уште рече дека во целост се согласува со ставот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оти во содржината на преговарачката рамка, нема ниту експлицитна ниту, пак, имплицитна одредба поврзана со моментот на влегување во сила на уставните измени.

Пред некој ден, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас, рече дека под радарот се одвиваат разговори за излегување од европскиот ќор-сокак во кој се наоѓа Македонија. Дали оваа промена на наративот на Муцунски е дел од овие разговори засега не е познато.