ВЛЕН до Таравари: Каде испарија седум милиони евра помош од Швајцарија за водоводот?
ВЛЕН упати серија критики и прашања до Арбен Таравари во врска со проблемите со водоснабдувањето во Гостивар, обвинувајќи го дека ветувањата дадени додека ја предводел локалната власт не биле реализирани. Од ВЛЕН потсетуваат на претходните јавни настапи на Таравари, кога, како што наведуваат, го обвинувал тогашното раководство за негрижа и непостапување во однос на водоснабдувањето на градот. Според партијата, подоцна, за време на неговиот мандат, Таравари најавувал дека проблемот со водата во Гостивар ќе биде решен „за следните 100 години“.

„Денес, кога одговорноста паѓа врз администрацијата што тој ја предводеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ветувањата, туку не презема ниту политичка одговорност“, наведуваат од ВЛЕН.
Партијата го отвора и прашањето за двата големи резервоари кои, според нив, биле најавени во 2022 година како дел од трајното решение за снабдувањето на Гостивар со вода за пиење. Од ВЛЕН тврдат дека станувало збор за проект поврзан со финансиска поддршка од Швајцарија, но дека најавеното решение не било реализирано.
„Каде испарија седум милиони евра помош од Швајцарија?“, прашуваат од партијата.
Во соопштението ВЛЕН поставува уште едно провокативно прашање: „Дали водата во Гостивар ќе заврши како канализацијата во Зајас?“ Од партијата велат дека постои голема разлика меѓу ставовите што Таравари ги застапувал порано и состојбата денес.
„Иронијата е голема. Зборовите што некогаш им ги упатуваше на политичките противници, денес се најјасното огледало на неговиот неуспех. Стандардите не можат да се менуваат во зависност од политичкиот интерес“, се наведува во реакцијата.
Од ВЛЕН додаваат дека доколку во 2017 година секој сомнеж бил доволна причина за сериозни обвинувања, тогаш, според нив, денешната состојба бара уште поголема одговорност и објаснување.Партијата нагласува дека граѓаните не очекуваат оправдувања, туку безбедна вода за пиење и функционални институции.
„Граѓаните немаат потреба од оправдувања, туку очекуваат одговорност, транспарентност и отчетност, а не молк. Ним им е потребна безбедна вода и институции што функционираат“, порачуваат од ВЛЕН.
Партијата бара да се утврди одговорноста на секој функционер за кој ќе се утврди дека потфрлил во заштитата на јавното здравје, како и целосно да се расветлат околностите поврзани со проектите за водоснабдување.
„Никој не може да се крие зад функцијата, партијата или молкот“, се наведува во објавата.
На крајот, од ВЛЕН бараат Арбен Таравари да одговори пред граѓаните на Гостивар според, како што велат, истиот стандард што самиот го барал од другите политичари.
„Одговорноста не е слоган за опозиција, туку обврска кога се раководи и со локалната власт“, порачуваат од ВЛЕН.