
Две лица загинаа во невремето во Албанија
Невремето што вчера ја зафати Албанија однесе два човечки животи, пренесуваат албанските медиуми.
Невремето што вчера ја зафати Албанија однесе два човечки животи, пренесуваат албанските медиуми.
Електричар на државната електро-енергетска компанија загина за време на интервенција во три часот по полноќ, кога паднал од столб во Химаре, откако му се скинал безбедносниот појас.
Втората жртва е рибар во Ксамил, кој го дочекал невремето во немирното море. Ветрот го превртил неговиот чамец, а неговото тело било пронајдено утрово.
Невремето направи и материјална штета. Силните ветришта откорнале десетици дрвја во Саранда кои оштетиле неколку возила, а три лица побарале медицинска помош поради повреди од скрешни стакла и гранки од дрвја.
Проблеми по невремето се забележани и во Либражда, каде некои подрачја и натаму се без електрична енергија.