
Што значи загрозено културно наследство на УНЕСКО и како тоа ќе влијае на Охрид?
Загрозено културно наследство на УНЕСКО значи дека еден важен споменик или место е ставено на специјална листа бидејќи му се заканува уништување. Оваа мерка помага да се привлече итна помош, пари и внимание за да се спречи трајна штета.
Загрозено културно наследство на УНЕСКО значи дека еден важен споменик или место е ставено на специјална листа бидејќи му се заканува уништување. Оваа мерка помага да се привлече итна помош, пари и внимание за да се спречи трајна штета.
- Војни и вооружени напади што можат да ги срушат градбите.
- Природни непогоди како земјотреси, поплави или пожари.
- Лошо управување, градба без дозвола и прекумерен туризам.
- Итна финансиска и техничка помош од светски фондови.
- Посебен надзор од стручни лица за да се спаси местото.
- Предупредување до државата да преземе брзи чекори за заштита.
- Неконтролирана урбанизација: Масовната градба и големиот број дивоградби долж охридскиот брег ја менуваат автентичноста на регионот.
- Еколошки проблеми: Доцнење на клучни инфраструктурни проекти и неефикасност на колекторскиот систем што води до загадување на Охридското Езеро.
- Слабости во управувањето: Недоволна координација меѓу институциите и неспроведување на препораките од мисиите на УНЕСКО од 2017, 2020 и 2024 година.
Светското наследство не е под заштита на УНЕСКО. Туку УНЕСКО воспоставува систем преку кој локалитетите и подрачјата од исклучителна светска вредост ќе бидат заштитени, што пак е обврска на секоја држава. Така, со потпишувањето на Конвенцијата за светско наследство, Македонија се обврзала својот единствен УНЕСКО регион да го заштити, зачува, презентира и пренесе на идните генерации.
Исклучителната универзална (природна) вредност, Охрискиот регион ја добива со:
Исклучителната универзална (културна) вредност ја добива со:
Градот Охрид – едно од најстарите живелишта во Европа кое се оценува како најдобро сочувана комплетна целина која опфаќа археолошки остатоци од Бронзената ера сè до Средниот век, религиска архитектура од 7 до 19 век и урбана структура која ја претставува градската архитектура од 18 и 19 век. Византиската уменост е претставена низ фрески на површина поголема од 2500 метри квадратни и преку 800 светски вредени икони од 11 до 14 век. Охрид е град на најсариот словенски манастир, Св. Пантелејмеон и извор на словенската култура; седум базилики од 4 до 6 век во стариот дел на градот кои недвојбено укажуваат на старата слава на Лихнидос.
Спојот на природните феномени од светска важност со квалитетот и разновидноста на културните вредности и духовното наследство, го прават овој регион вистински посебен. (IUCN, 2019)
Охридско Езеро во 1979 и градот во 1980 ја комплетираа титулата на Светско природно и културно наследство на Охридскиот Регион според четири критериуми на територија од 83,35 ха.
Охридскиот регион е едно од само 38 УНЕСКО подрачја во светот и 8 во Европа во мешовита категорија на светско природно и културно наследство.