Гостивар: Кој дозволи 22 дена да се внесува вода со фекалии во градскиот водовод?

На високите температури граѓаните чекаат на пунктовите за вода да пристигне камионот со пакувања од 1,5 литри обична вода, застануваат пред продавниците, прашуваат колку ќе трае забраната од Институтот за јавно здравје и бараат одговорност за оние што си поиграа со нивнтите животи.

Бранот на граѓани кои имале стомачни тегоби од загадената вода од градскиот водовод во Гостивар полека стивнува, но градот денес по изрекувањето на мерки притвор за директорката и шефовите во Комуналец наликува како во вонредна состојба, пишува Фокус.

На високите температури граѓаните чекаат на пунктовите за вода да пристигне камионот со пакувања од 1,5 литри обична вода, застануваат пред продавниците, прашуваат колку ќе трае забраната од Институтот за јавно здравје и бараат одговорност за оние што си поиграа со нивнтите животи.

„Зошто не смее да се користи водата барем за миење?“, „Кога ќе стигнат резултатите?“.

Неизвесноста, велат граѓаните, е речиси исто толку тешка колку и недостигот од безбедна вода.

„Ова ќе стигне за неколку дена зависи од употребата. Со оваа вода не можеме да се миеме само за пиење. Мора да употребуваме од градскиот водовод за свои потреби, барем кога одиме во тоалет.  Кој го направи ова да даде господ да го казни овој човек, на овие луѓе на овие деца, на иднината наша“, рече еден граѓанин за „Фокус“ додека носеше пакети со вода кон своето возило.

Градот неколку дена е со официјална забрана за употреба на водата од градскиот водовод за пиење, и со препораки да не се користи ниту за подготовка на храна, миење раце, заби, овошје и зеленчук, за бањање само ако се преврива, иако велат никој од нив тоа не го прави…

Центарот за јавно здравје Тетово официјално прогласи епидемија на подрачјето на Гостивар поради зголемениот број заболени и надминување на неделниот епидемиолошки праг, а Владата денес прогласи 30-дневна кризна состојба на подрачјето на Гостивар затоа што проценила дека општината не може да се справи со кризата.