Повеќе од 100 куќи изгореа во голем пожар во Норвешка

Повеќе од 100 домови беа уништени во огромен пожар што избувна вчера во јужна Норвешка, а стотици луѓе мораа да ја напуштат областа, објавија норвешките власти и јавниот радиодифузен сервис НРК.

Повеќе од 100 домови беа уништени во огромен пожар што избувна вчера во јужна Норвешка, а стотици луѓе мораа да ја напуштат областа, објавија норвешките власти и јавниот радиодифузен сервис НРК.

Пожарот избувна вчера околу 15:30 часот во градскиот округ Крокстаделва во Драмен, град кој се наоѓа на околу 34 километри југозападно од Осло. Пожарот започна во низа куќи, а потоа се прошири на околното подрачје и блиската шума.

Според норвешките медиуми, стотици луѓе се испратени во центарот за евакуација. Локалните медиуми објавија дека повеќе од 400 луѓе се евакуирани, а пожарникарите продолжиле да го гаснат пожарот во текот на ноќта.

Полицијата објави дека засега нема пријавено исчезнати жители. Причината за пожарот сè уште не е позната.

Пожарот се прошири од станбена зона до блиската шума, што го отежнува неговото гаснење. Бројни пожарникари учествуваа во операцијата, а норвешките медиуми објавија дека за гаснење на пожарот биле користени и хеликоптери.

Пожарникарите утрово сè уште работеа на ставање на пожарот под контрола. Според првичните извештаи, штетата е голема, а голем дел од погодената област е целосно уништен.