Органите на СДСМ ќе расправаат за учеството на Петровска во новата демократска платформа

Органите и телата на СДСМ следната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничка на партијата во Собранието на настанот под името „Разговори за иднината во 12:05“, на кој во средата била промовирана нова демократска платформа со цел подигнување на нивото на општествената дебата во земјава.

Ова денеска го кажа лидерот на СДСМ, Венко Филипче, прашан од новинарите дали ќе бара одговорност од пратеничката поради нејзиното учество во платформата и дали можеби ја прашал од што е незадоволна во СДСМ.

Станува збор за пратеничката Славјанка Петровска, која била меѓу членовите на СДСМ од разни генерации, активисти, аналитичари, правници и професори кои биле потписници и учесници настанот на кој е промовирана иницијативата.

-Во однос на конкретното прашање ќе одговорам конкретно, органите на партијата ќе дебатираат во текот на следната недела – рече Филипче.

Претходно, претседателот на СДСМ посочи дека платформата претставува уште еден политички проект на Христијан Мицкоски, кој од СДСМ го нарекуваат „ЗНАМ 2.0“, чија единствена цел, како што кажа, е дополнително да се фрагментира опозицијата и да се ослабне СДСМ.