Донирајте за „Антолог“. Да помогнеме книжевниот сон да не згасне
Неколку стотици илјади евра е штетата што ја претрпе книжевниот центар „Антолог“ кога во завчерашното невреме се поплави магацинот со книги во скопската населба Кисела Вода. Издавачката куќа која полека го градеше бизнисот скоро 30 години во еден час загуби скоро сè. Новинарите од „Види-вака“ ја пренесоа очајната глетка во магацинот. Уништени се десетици и десетици илјадници книги, возило, целосниот инвентар, техника, компјутери, речиси сè е неповратно уништено.

„Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Загубата, и материјално и емотивно, е неверојатно голема. 27 години труд на генерации луѓе кои се вложија секој на свој начин во оваа издавачка куќа, во овој дом на книгата, се помножени со нула. Визијата на една приказна во која сите заедно се вложивме и ја градевме, достоинствено, чесно, трудољубиво, визионерски, искрено, пасионирано, со љубов од дното на душата и секогаш, буквално секогаш, постепено – скала по скала, страница по страница, ден по ден, сон по сон, се распадна – пишуваат од „Антолог“ на социјалните мрежи.
Умно.мк се вклучува во акцијата за помош на „Антолог“. Како може да помогнете?
– Со купување на моменталните резерви на изданијата на „Антолог“ достапни во книжарниците на линкот.
– Помош со механизација за расчистување на просторот.
– Привремено бесплатно отстапување на магацински простор. Контакт телефони на „Антолог“: (+389) 75 228 984, (+389) 2 6169 150
– Со директна финансиска помош на нивната денарска и девизна сметка.
АНТОЛОГ – БООКС ДООЕЛ СКОПЈЕ
ул. Ѓорѓи Пулевски бр. 29-лок.1
Единствен даночен број 4080014541495
Жиро сметка 300000003674784
Депонент на Комерцијална банка а.д.
АNTOLOG – BOOKS DOOEL SKOPJE
Gjorgji Pulevski 29-lok. 1 1000 Skopje
Komercijalna banka a.d.
Bank address: Orce Nikolov 3 Skopje
IBAN MK07300701003070696
S.W.I.F.Т. KOBSMK2X
Фото: Принсткрин – Види-Вака