(ВИДЕО) Разговори со проф. Бужаровска, Андреа Серафимовски и Влатко Сулев

Во „Трилинг“ разговори со писателката и професор Румена Бужаровска, Андреа Серафимовски, директор во Гранит и претседател на Здружението за градежништво при СКМ и Влатко Сулев, генерален директор на агенцијата Балкан Прајм Турс и во исто време претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија.

Во „Трилинг“ разговори со писателката и професор Румена Бужаровска, Андреа Серафимовски, директор во Гранит и претседател на Здружението за градежништво при СКМ и Влатко Сулев, генерален директор на агенцијата Балкан Прајм Турс и во исто време претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија.

„Мислам дека писателството не беше некоја професија за која мислевме дека е професија. Тоа е секогаш нешто што го правиме од страна. Никогаш не ми беше идеја дека тоа всушност може да биде некаков тип на професија, особено неми беше идеја дека жена може да живее и да работи само како писателка, така што јас немав таква амбиција. Сакав да пишувам, но никогаш не мислев дека ќе испадне волку големо како што испадна, за што ми е многу мило, бидејќи не го планирав“, вели за „Трилинг“ писателката проф. Румена Бужаровска.

Таа смета и дека се гледа регрес во однос на тоа каков прогрес имавме постигнато со женските права и правата на ЛГБТИ заедницата.

„Гледаме големо враќање наназад преку различни типови на пропаганда којашто за жал потекнува од западот, од Америка, каде што гледаме враќање на идејата дека жената треба да се затвори во кујната, во домот, и само да раѓа деца. Сметам дека во последно време знаеме дека има регрес и во однос на женските права, а се случува тоа и во Европа.

-Има држави каде што абортусот е забранет и гледаме дека десничарските движења се повеќе и повеќе се обидуваат да ги одземат правата на жените, а и истакнатите права на ЛГБТИ луѓето.

-Кај нас во Македонија не би можела да кажам дека ЛГБТИ луѓето имаат некои посебни права, затоа што сепак ние сепак сме држава каде што сѐ уште истополовиот брак не е дозволен. Така што вие да имате партнерство помеѓу двајца мажи или две жени, коишто цел живот биле заедно, кога едниот ќе почине другиот нема право да се грижи за него или неговиот имот и тн. Тоа се некои основни човекови права коишто ние овдека сѐ уште ги немаме. А да не говориме за женските права, за фемицидите, за новиот сериски убиец кој убивал само жени, и за сите трагични случаи кои се повторуваат во нашето општество.

-Затоа сакам да порачам дека еднаквоста никогаш ја немаме постигнато, но сега сме во период кога правата повторно бележат напад од страна на фашисти“, вели Бужаровска и додава дека е „честа предрасуда кон феминистките дека мрзат мажи“.

„Многу ми е жал дека општеството тоа го прифаќа како предрасуда, бидејќи општеството ги мрази жените, а не обратно. Имаме фемициди, имаме големо назадување на женските права, и сега ние се бидуваме постојано напаѓани дека ние сме тие коишто мразиме. Да мразевме ќе се гледаше. Активизмот феминистички е само една желба за подобар и хуман свет“, вели Бужаровска.

Прашана дали има простор за сомнеж дека денес во 21-от век може некој да го оспорува и дека е дијалект на некој друг јазик, Бужаровска смета дека е бизарно да се влегува во такви дискусии.

„Нема што тука да се брани. Колку повеќе ја браните својата позиција, толку повеќе ја подривате. Истото е во прашањето зошто јас не сакам да им објаснувам на луѓето дека не мразам мажи – колку повеќе се правдам излегува дека навистина е така. Не е вистина нема зошто да дискутираме за тоа дали постои македонскиот јазик. Не е вистина дека е дијалект или дека не постои. Нема зошто да навлегуваме во прашање кое е толку апсурдно.

-Тоа е тактика. Кога ве провоцираат со таква невистина како на пример дека феминистките мразат мажи, дека македонскиот јазик не постои, нормално дека човекот или групата којашто е провоцирана, чувствува потреба да се одбрани. Но тој што ве напаѓа многу добро знае дека тоа пласирање на лажни вести – колку што повеќе вие го повторувате тоа, толку повеќе тоа станува тема“, вели Бужаровска.

-Очигледно е дека лесно паѓаме во стапиците, бидејќи за тоа цело време правиме муабет. Дали постои македонскиот јазик? Таа е глупост за да се разговара. Не ни сакам да разговарам за тоа прашање. Тоа е како да ме праша некој дали имам нос. И сега јас да се расправам со некој дали имам нос или немам. Така што многу лесно паѓаме во таа стапица и секако дека е една политичка замка. Многу луѓе сакаат да испаѓаат патриоти, да прават политички поени околу тие прашања. Така што јас би го сменила малку дискурсот – наместо одбрана во некаква прослава и повеќе инвестирање во тоа што го работиме, отколку во одбрана. Одбраната кон глупост не функционира.

-Политичките партии секогаш злоупотребуваат некаква тема којашто ја запалува јавноста. Тоа често го прават.

Осврнувајќи се на ТВ интервју во Србија каде што вели дека „светот е растргнат меѓу осаменоста и фашизоидноста“ и дали е тоа идеално за бунт и всадување страв и манипулација со луѓето, Бужаровска вели дека има многу причини зошто луѓето се полнат со страв во денешно време.

„Прво би рекла дека е ова што се случува со манипулацијата на социјалните мрежи и се поголемото онеписменување на луѓето станува многу голем проблем на општеството и од таму произлегуваат осаменоста, како и новите фашистички трендови кои растат низ цел свет“, вели Бужаровска.

За тоа колку денеска сме бунтовни, и колку кај нас работи рациото, а не емоцијата, Бужаровска вели дека не може да предвиди да каже колку, кога и каде може да се појави бунт.

„Ја гледаме оваа ‘Фламинго револуција’ што се случува во моментот и таа има капацитет за огромен бунт, бидејќи се работи за загрозување на најосновните работи коишто ги имаме – воздух, вода, природа, така што сметам дека бунтот има капацитет да се развива и понатаму, вели Бужаровска.

„Последниве пет години сите констатираме и пријатно сме изненадени како индексот на цени на станови расте. Но првото тромесечје оваа година видовме дека покачувањето на индексот на цени на станови, после подолг период е 0,1%, што ми дава за право да кажеме дека почнува она што го прогнозиравме, а тоа е израмнување на побарувањето и побарувачката.

-Во периодот што следува ќе видиме колку македонските граѓани се моќни да платат за одреден стан и како на која цена ќе дојде стабилизација на цената. Ние утврдиме дека во првите три месеци од оваа година, продажбата на станови е намалена за 25% од 2025-та, што значи дека доаѓа до заситување на пазарот и периодот ќе биде многу интересен за да видиме на кое ниво ќе се стабилизира цената на продажба на станови.

-Јас сум многу заинтересиран на која цена и ниво ќе се стабилизираме. Но оние станови кои ќе нудат добар квалитет на живот, ќе бидат секогаш поскапи и нема да бидат репер за цена“, вели Серафимовски.

„Туризмот го гледам како економски феномен. Тој е шансата за Македонија.

-Се надевам дека менаџментот ќе се помести и ќе бидеме поорганизирани во тој дел.

-Македонија за среќа е дестинација кој туристите ја бараат и ние тоа треба да го искористиме“, изјави за „Трилинг“, Влатко Сулев, генерален директор на агенцијата Балкан Прајм Турс и во исто време претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија.

Тој додава дека треба да се следи моделот на Словенија којашто ја гради успешната приказна за туризам

„Сметам дека ги имаме сите карактеристики да имаме туристи за сите сезони, вели Сулев и додава:

„Нема туризам без промоција. Ние 10 години скоро и да немавме промоција, ниту организирана, ниту структурирана“, изјави Влатко Сулев, генерален директор на агенцијата Балкан Прајм Турс и во исто време претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија.

Целото интервју погледнете го во видеото