Со перформанс со над 120 македонски уметници ќе се одбележува 35 годишнината од независноста

Музичко-сценски перформанс во кој ќе бидат вклучени над 120 македонски уметници е новиот проект што е најавен за одбележувањето на 35 годишнината од независноста на земјава, по концертите на Дејвид Гета и Хозе Карерас со македонските ѕвезди, кои веќе се најавија.

Музичко-сценски перформанс во кој ќе бидат вклучени над 120 македонски уметници е новиот проект што е најавен за одбележувањето на 35 годишнината од независноста на земјава, по концертите на Дејвид Гета и Хозе Карерас со македонските ѕвезди, кои веќе се најавија.

Перформансот ќе се одржи во 15 градови низ земјава, а во него ќе учествуваат различен вид на уметници.

Според режисерот Дејан Пројковски, ќе учествуваат пејачи, музичари, актери, а ќе се претстават слики и настани што се значајни и се дел од нашата колективна меморија.

„Ќе ги споиме сите уметности. Ќе се обидеме да се занимаваме со ликовната уметност, со филмот, со поезијата, литературата, односно да исплетеме една мрежа преку која ќе ја создадеме таа сценска естетика“, рече Пројковски и дополни дека иако перформансот ќе ги спои сите важни моменти од минатите 35 години, сепак нема да биде хронологија, туку музичко-сценско патување кое ќе ги спои генерациите што ја изградиле независноста и младите на кои им останува државата.

Настанот ќе го води Игор Џамбазов кој вели дека овој празник треба да важи за сите граѓани на независна Македонија.

„Ќе се обидеме да правиме муабет за убавите работи, тоа е модерно во последните шест месеци. Би сакал на оваа прослава да се радуваме на нашето постоење, на постоењето на нашата држава“, рече Џамбазов.

Според портпаролката на Владата, Марија Митева интернационалните ѕвезди се вредни за почит, но македонските уметници се оние коишто го носат духот на една. Таа најави дека Владата ќе продолжи етапно да ги соопштува и останатите проекти кои ќе бидат дел од прославата по повод 35 години од независноста.