Димитров: Понижувачки е предлогот да го објави бугарска новинска агенција, а кај нас да нема широка дебата за ова прашање

Екс-министерот за надворешни работи – Никола Димитров денеска во гостување на Тв24 рече дека најзагрижувачки е тоа што францускиот предлог како документ го нема никаде во македонските интиутуции.

„Каква демократија се ако нема широка дебата за ова прашање и при тоа Владата сама за ова прашање да одлучува, а документотет ги нема никаде во јавност. Јазикот е споменат на две места. Во преговарачката рамка се вели дека сите документи ќе бидат преведени на „македонски“ и земјата ќе има доволно преведувачи за преговарачката рамка. Споменат е на уште едно место, во отворачката изјава на ЕУ за домашен фолклор, што не ги отвора преговорите. Таму ЕУ нотира дека Бугарија има намера да достави свое разбирање за македонскиоит јазик. Се забележува дека Бугарија има проблем со македонскиот јазик“ вели Димитров

Тој наведе дека од Бугарија се бара тие 3.500 Бугари во Македонија да не се малцинство, туку државотворен народ

„Во пристапот е направена утката и во степенот на очај. Прво има тука сеење магла, овде се работи за спор меѓу две страни, а позицијата на Бугарија е позиција на моќна сила, Од арбитражен суд веднаш би загубиле, спорот воопшто не е легитимен, а ние со вклучување на овие прашања во преговарачката рамка правиме балканизација на европскиот процес. Прво чекаме што ќе кажат земјите членки, па ние да сме се изјаснеле. Така што не е одговорно да немаме дебата во парламентот. Преговарачаката рамка е Устав на пристапниот процес. Еднаш ако помине, нема менување, непоправлива е работата. Замореноста од 17 години ќе ги натера луѓето да го голтнат и тоа. Блокадите на Бугарија нема да прават нервоза кај земјите членки и проблемот нема да биде повеќе на ЕУ. Топката ќе биде само кај нас. Уставот треба да биде отворен до втората меѓувладина конференција и ќе бидеме постојано во едно бугарско менгеме. Ќе бидеме фокусирани на задоволување на барањата на Бугарија, чија што амбиција е исклучително антиевропска затоа што тие не ја прифаќаат реалноста“ рече Димитров.

Тој додава дека понижувачки е францускиот предлог прво да биде објавен од бугарска новинска агенција, а при тоа уште да нема најави од Владата за дебата за толку важно прашање

„Наративот на Тодор Живков како отпор кон македонскиот идентитет се растрча кога се потпиша Преспанскиот договор. Тие видоа и посакаа таков сеопфатен договор, но македонскиот јазик тогаш се затвори со своето прашање во ОН. Реакцијата на Бугарија е на политичките сили кои живеат на агендата од два века наназад., Они си рекоа дека не смее да помине затворањето на прашањето на македонскиот јазик. Ова прашање се користи во нивната внатрешнополитичка борба, што гледаме дека се користи деновиве“ – смета Димитров.

Тој смета дека овој предлог нуди уште поголемо статус кво од она кое сега Македонија го има.